Бензините јуришаат кон стотка

Bez autora
Mar 27 2012

Македонските граѓани повторно во енергетски шок, што се должи на новите рекордите цени на горивата. Цените на бензините на секој две недели се корегираат, а со последната одлука на регулаторите тие поскапеа за денар и половина по литар, а цената на дизел горивата е зголемена за половина денар по литар. Со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 достигна 87,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 89 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се продава за 75,50 денари за литар. Нова цена има и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која изнесува 64,0 денари за литар. Поевтинување од 0,2 денари има само кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 49,173 денари за килограм. Од РКЕ како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати ја посочуваат цената на суровата нафта на светските берзи и курс на доларот во однос на денарот во изминатите 14 дена.

Бензините јуришаат кон стоткаМакедонските граѓани повторно во енергетски шок, што се должи на новите рекордите цени на горивата.

Цените на бензините на секој две недели се корегираат, а со последната одлука на регулаторите тие поскапеа за денар и половина по литар, а цената на дизел горивата е зголемена за половина денар по литар.

Со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 достигна 87,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 89 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се продава за 75,50 денари за литар. Нова цена има и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), која изнесува 64,0 денари за литар. Поевтинување од 0,2 денари има само кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе се продава за 49,173 денари за килограм.

Од РКЕ како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати ја посочуваат цената на суровата нафта на светските берзи и курс на доларот во однос на денарот во изминатите 14 дена.

Трговците бурно реагираа на новиот раст на горивата. Тие се жалат дека бензините растат без контрола и токму затоа прометот на бензинските пумпи реално е намален за околу 30%. Мите Јованов од Макоил најавува дека за своите клиенти ќе има повластена цена која ќе биде пониска за 1,5 денари за литар бензин и денар за дизелот.

- Маржата за трговците е од 1,9 до 3,2 денари по литар, а за да се задржат клиентите во вакви ситуации, кога прометот е драстично намален, се практикува да се примени најмалата маржа - објасни Јованов. Тој нагласува дека клиентите не се моќни да купуваат бензин како порано, бидејќи ако за 100 евра се купуваше 100 литри бензин, сега едвај од 60 до 70 литри.

Јованов укажува дека ако не се преземе нешто конкретно на светско и домашно ниво, до крајот на летово бензините ќе добијат рекордна цена од две евра за литар бензин.

На светските берзи суровата нафта вчера достигна цена од 106,75 евра за барел, додека бренд нафтата чини 125,10 евра. Тоа значи дека од почетокот на годинава до сега нафтата на светските берзи е поскапена за над 25%, а бензинот во Македонија за 11 денари по литар.

Но, новите цени на бензините не се проблем само во Македонија, тие во континуитет претрпуваат корекција и во земјите од регионов, Европа и светот. Според анализите најевтин бензин се продава во Босна и Херцеговина, а најевтин дизел во Македонија.

Во соседна Бугарија беше регистриран жежок викенд, оти над 25.000 граѓани протестираа во сите поголеми градови против високите цени на горивата. Тие категорично рекоа НЕ на високите цени на горивата.

Деновиве пак срПската државата се договори со Нафтената индустрија на Србија да се намалат цените на бензините за 2 динари и на дизелот за динар. Преговорите траеја долго, при што притисоците на власта резултираа со намалување на бензините.

Во земјава, како што деновиве нагласи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, состојбата се следи и доколку дојде до некои влошувања, не се исклучува можноста да се преземат конкретни мерки. Тој и премиерот Никола Груевски сметаат дека, сепак, треба да бидеме реални, оти се работи за светска берзанска цена која ги погаѓа сите стопанства.

- Ние сме мала земја која има ограничени можности и како и сите други земји во регионот ја следиме состојбата, бидејќи тоа не зависи од нас - вели министерот Ставрески.

Владата најави дека наскоро ќе се разговара со новиот менаџерски тим на рафинеријата Окта, за можните промени во методологијата и утврдување на цената на горивата. Промената на цената на нафтените деривати ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика, но како почетна точка за тоа е рафинериската цена на нафтените деривати од Окта, а таа е утврдена со купопродажниот договор кој има важност до 2019 година и може да се смени само со согласност на двете страни.

И кај европски држави, кои се многу побогати од Македонија, се штеди бензинот. Анализите во Франција покажале дека околу 14% од Французите почнале да го користат јавниот превоз, 5% одат пеш, а 9% редуцирано ги возат автомобилите.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,46 отсто или за 49,05 американски долари за тон. Кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 1,78 отсто или 17,93 долари за тон. Но, зголемување има и кај мазутот, што во просек е за околу 0,78% или за 5,66 долари за тон.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik